Бразилскиот супермодел Адриана Лима ја доби честа токму таа да биде моделот кој ќе го презентира најскапиот градник на светот, кој е накитен со повеќе од три ипол илјади црни дијаманти и 34 рубини и е уникатен примерок.
Изборот да го претстави токму таа воопшто и не е за чудење, со оглед на тоа што Адриана се наоѓа на листата на моделите на Victoris's Secret, а редовно ги краси и насловните страни на познатите модни магазини.
27 годишната убавица моментално е во врска со српскиот кошаркар Марко Јариќ. Кошаркарот на Минесота на нејзиниот последен роденден и ја побара за жена, но пред медиумите сеуште немаат преизирано кога ќе застанат пред олтарот.