Место каде што туристите можат да галат тигри како да се мачиња е нешто што не се гледа секој ден. "Храмот на тигрите" е будистички планински храм во Тајланд.
Ова светилиште е основано во 1994, како дом за напуштените животни. Во 1999. будистите го вдомија првиот тигар, а од тогаш па до сега се има случено само еден посериозен инцидент. Моментално овој храм има 12 возрасни и 4 млади тигри.













