Петок, 24.10.2008
Nokia E63 не е мобилен околу кој ќе се дигне голема прашина, но сепак, станува збор за очекувана еволуција на серијата Е6х.
Nokia E63, како и останатите модели од серијата има целосна QWERTY тастатура, а според засега познатите детали кои истекоа, ќе има дисплеј со резолуција од 320 х 240 пиксели, Wi-Fi, Bluetooth, UMTS/HSDPA конективност и слот за microSD мемориска картичка, а сето тоа спакувано во оперативниот систем Symbian S60.
Значи, вистински бизнис мобилен, кој токму поради својата намена ќе се појави во неколку различни верзии - некои ќе имаат вградена камера, додека други нема.
Останатите податоци, како и цената и точниот датум на појавување на пазарот, не се познати.