Вторник, 28.10.2008
За сите нервозни и с'клетџии возачи, на кои им се крева притисокот од црвеното светло на семафорите, Audi го има спасот - во вид на уред кој овозможува секогаш од семафор на семфор да стигнете на зелено.

Уредот вграден во автомобилот ќе им говори на возачите со која брзина да возат со цел низ системот на семафори да пројдат без запирања, благодарение на постојаната врска преку која комуницира со специјалните преносници вградени во семафорите, оддалечени и до 300 метри.
По одредувањето на положбата на автомобилот и начинот на кој му се приближува на семафорот, уредот ја пресметува и покажува оптималната брзина.
Меѓутоа, Audi признава дека оваа технологија нема да им биде од корист на возачите доколку на патиштата им сообраќаен метеж.