Вторник, 28.10.2008
И покрај тоа што на нашиот пазар има прилично многу напредни модели, не би било лошо да се потсетиме зошто Далечниот исток по некои работи е многу понапред од нас. Добар пример е новиот мобилен на Casio.
Casio Exilim W63CA e модел на мобилен телефон на преклоп, кој има огромен 3.1 инчен OLED дисплеј со резолцуција од дури 480 х 800 пиксели. Со дизајнот потсетува на мал фотоапарат или дури камера, а јасно е и зошто: вградената камера со резолуција од 8.1 мегапиксели има широкоаголен објектив, автоматски фокус, технологија на препознавање на лица, а може да снима и видео во VGA резолуција со квалитет од 30 фрејмови во секунда.
Останатите детали засега не се познати, но доколку се суди по вградената камера, може да се претпостави дека W63CA ќе ги има сите релевантни технологии кои е вградуваат во мобилните од високата класа.
На пазарот се очекува од ноември.