Вторник, 28.10.2008
Басистот на бендот Пол Џонс изјави дека се во потрага по наследникот на Плант. Се шушка дека ни можел да го замени Стивен Тајлер од Аеросмит.
Плант ја одби можноста да им се придружи на останатите членови на Лед Цепелин на светската турнеја. Како негова можна замена, се спомнува пејачот на Аеросмит Стивен Тајлер, кој наводно веќе вежбал со бендот.
Џон Пол Џонс за магазинот Rolling Stone потврди дека заедно со Џими Пејџ и Џејсон Бонам барат нов пејач, но дека еуште не го нашле.
Џонс остави и ронка надеж за обожавателите кои сакаат да го видат бендот во целосен состав, додавајќи дека се надева дека Плант за некоја година би можел и да се предомисли.