Шоубизнис

» поопширно



Највлијателните игри на сите времиња

Среда, 29.10.2008

Тешко е да се направи рангирање на најдобрите игри поради субјективното гледање на квалитетот, но затоа без проблем може да се каже кои игри го сменија начинот на кој гледаме на гејмерската индустрија.

1. Pacman
Стара, легендарна и вонвременска игра. Ова дефинитивно е Pacman. Веруваме дека не постои играчка платформа, мобилен телефон или било каков електронски уред кој поддржува некој облик на игра, а дека за него не постои некој облик на Pacman. Легендарниот "жолтко" и неговата жена годинава слават 29 години постоење.

2. Tetris
Уште една игра без која едноставно ни една "листа на најдобри" не може да пројде. Тешко дека постои некој кој барем еднаш не си поиграл тетрис. Приказната од времето на ладната војна вели дека тетрисот настанал во Русија, во средината на осумдесеттите и дека авторот го "прокриумчил" од СССР на запад, кој со двете раце ја прифатил новата зараза.

3. Серијалот Grand Theft Auto
Една од вистински ретките игри кои повеќе од еднаш добиле оценка 10/10 во многу медиуми. Контроверзен, насилен, нехуман, луд - ова се епитетите кои го красат GTA. Без обзир на прашината која ја дигна, се работи за една од најдобрите акциони игри на сите времиња. Иновацијата и туркањето на комплетната играчка индустрија напред е исто така нешто што ја карактеризира GTA веќе со години и ги тера другите игри безуспешно да копираат.

4. Серијалот Alone in the Dark
Првата "пуцаљка" од трето лице се појави во далечната 1992 година и остави значајно влијание на играчката индустрија. Многу игри  се создадоа на темел на ова игра, која ги втемели патеките на модерните пукачки игри. Во улогата на истражувачот на паранормални појави полека се пробивате низ проколнната куќа внимавајќи во сачмарката секогаш да имате доволно муниција.

5. Серијалот Sims
Десетици милиони луѓе очигледно не може да грешат доколку се константно подготвени да трошат пари на играта и да купуваат нови пакови. Sims 3 излегува во 2009-та. Влијанието на Sims на пазарот на видеоигри е навистина преголемо.

6. Серијалот Civilization
7. Серијалот Homeworld
8. World of Warcraft
9. Серијалот Command & Conquer
10. Серијалот Half-Life
11. Серијалот Call of Duty
12. Quake
13. Legend of Zelda
14. Maniac Mansion: Day of the Tentacle
15. Leisure Suit Larry: Love For Sail
16. Pirates!
17. Halo
18. Ski or Die
19. Mafia
20. Серијалот Tony Hawk’s Pro Skater

http://www.kajgana.com/statija_3687.html

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media