Кога во пронаѓањето на партнер не помагаат ни интернет страниците, можеби решението е во мрежа за запознавање на интелигентен партнер.
IntelligentPeople.com е токму таква мрежа. Станува збор за најнов онлајн сервис за запознавање наменет исклучиво за интелигентните луѓе.
За условите да бидат задоволени, сите кои сакаат да и пристапат на страницата мораат најпрво да решат тест за интелегенција и да докажат дека нивниот IQ одговара на бараното, па потоа да се зачленат.
Доколку е за верување, љубовта полесно се остварува кога комуникацијата е добра, а оваа страна им нуди на луѓето можност да запознаат партнери со коефициент на интелегенција кој одговара на нивниот. Со ова, и комуникацијата би требало да биде поквалитетна.
Oбјавено на: 03.05.2008