Среда, 29.10.2008
Независните испитувачи на EuroNCAP детално го проучија новиот Golf, кој постигна најдобар резултат во споредба со неговите конкуренти и доби 36 од 37 можни бодови.
На тестовите за сигурност на EuroNCAP, новиот Golf доби четири ѕвездички за безбедност на деца и притоа максимален можен број бодови за биомеханичките вредности, додека за заштита на патниците доделени му се пет ѕвезди.
Со три ѕвезди за заштита на пешаците, Golf според ADAC претставува "едно од возилата со најдобри својства за заштита на пешаците, кое се нуди на пазарот".
Golf сериски се нуди со комплетна сигурносна опрема, која содржи подобрена сигурносна каросерија, седум воздушни перничиња вклучувајќи и перниче за колената на страната на возачот и иновативен систем на воздушни перничиња за главата на возачот и совозачот.