Понеделник, 03.11.2008
Samsung S7330 (забележете го новиот начин на именување на моделите на Samsung со кој од неодамна почнаа: една буква и четири бројки) е мобилен телефон на лизгање со дисплеј со резолуција од 240 х 320 пиксели и посебна површина осетлива на допир (touch panel) за контрола на одредени функции.
Тука е и камерата со резолуција од три мегапиксели со LED блиц и дополнителната камера за видео повици, а вградениот медиа плеер овозможува репродукција на видео формати MPEG4, H.263 и WMV, како и аудио форматите MP3, WMA, AAC, AMR, MIDI и WAV.
Што се однесува до конективноста, тука се HSDPA, EDGE, Bluetooth 2.0 и USB 2.0. Се на се, Samsung S7330 се чини како солиден спој на моден и бизнис телефон.