Понеделник, 03.11.2008
Името Аquos го носат врвните екрани на производителот Sharp. Истиот производител лансираше мобилен телефон Aquos, а според ова претпоставувате дека екранот е неговата најимпресивна компонента.
Sharp и Softbank го претставија мобилниот телефон под целосен назив Aquos Fulltouch 931SH. Се работи за модел на лизгање опремен со дисплеј од Sharp со резолуција од 1024 х 480 пиксели и дијагонала од 3.8 инчи. Резолуцијата на овој мобилен е нешто помала од онаа на ефтините преносни компјутери, а несомнено дека прегледувањето на интернет страниците, фотографиите и видео материјалите на овој телефон ќе биде вистинско уживање.
Зад екранот не заостануваат ни останатите спецификации на овој 3G мобилен телефон кој доаѓа опремен со стерео Bluetooth адаптер, дигитална камера со стабилизатор и резолуција од 5.2 мегапиксели, акцелерометар за автоматско прилагодување на дисплејот според положбата на телефонот и ТВ тјунер.