Британското дуо "Пет Шоп Бојс" ќе добијат награда за исклучителен придонес во музиката на свеченото доделување на Брит наградите на 18. февруари во Лондон, соопштија организаторите.

Нил Тенант и Крис Лоу познати по хитовите како "West End Girls" и "It's a Sin" oд 1985 година имаат продадено над 50 милиони албуми низ светот.
Претседателот на комитетот за доделување на Брит наградите Гед Доерти ги нарече "Пет Шоп Бојс" една од највлијателните групи на модерното време.
Меѓу поранешните добитници на признание за исклучителен придонес во музиката се "У2", Дејвид Боуви, "Јуритмикс" и Стинг.
Минатата година, наградата му припадна на поранешниот член на "Битлси" Пол Макартни.