Вторник, 04.11.2008
Синиот дијамант од 17 век од 35,56 карати, широк 24,40 милиметри и длабок 8,29 милиметри, кој бил дел од миразот на Маргарита Тереза родена 1651 година, ќерка на Филип IV од Шпанија - ќе се најде наскоро на продажба во лондонската аукциска куќа Кристи, а се очекува дека ќе достигна цена од околу 15 милиони долари.
Аукциската куќа Кристи објави дека дијамантот Wittelsbach ќе го понуди на меѓународниот пазар за прв пат по 80 години. Според нив, шпанскиот крал Филип IV и го дал дијамантот како мираз на својата 15 годишна ќерка при веридбата за австрискиот цар.
По смртта на принцезата во 1673 година, царот леополд го задржал миразот и го пренел во наследство на своите потомци.
Во 1722, дијамантот дошол во сопственост на семејството Wittelsbach и подоцна е продаден од нивната приватна колекција.