Среда, 05.11.2008
Тони Фадел, човекот кој е најзаслужен за најуспешниот производ на Apple, мултимедијалниот плеер iPod ја напушти компанијата.
Како што тврди Wall Street Journal, Фадел си заминал од лични причини,а ќе го наследи некогашниот IBM-овец Марк Пепермастер. Но, прашањето е дали воопшто може некој да го замени човекот кој се смета за татко на iPod-от, а беше и важен член на тимот кој го дизајнираше iPhone.
Пред Фадел, iPod-от беше само уште еден MP3 плеер, а когаФадел му с еприклучи на тимот во 2001, создаде идеја за комбинација од хардверски уред и онлајн центар за купување музика кој воедно е и софтверски аудио плеер.
iPod денес држи околу 70% од пазарот на аудио плеери во САД и не покажува знаци на слабеење.