Шоубизнис

» поопширно



MTV Europe Music Awards

Петок, 07.11.2008

Вчера во Ливерпул беа доделени 14-те по ред MTV европски музички награди. Пoбедници на овогодинешното доделување се Бритни Спирс и рокерите 30 Seconds to Mars. Бритни освои награди за најдобар албум и за изведувач на годината.

Бендот 30 Seconds to Mars се прогласени за "најжешки" изведувачи и најголеми видео ѕвезди.

Церемонијата ја отвори сеприсутната Кејти Пери која се најде во улога на водителка. Во живо го изведе својот планетарен хит "I Kissed a Girl", но како и многу свои колешки, покажа дека пеењето во живо не и е силна страна. Водителството и одеше нешто подобро, посебно кога "случајно" ги откри своите гаќички. А јаваше и на бананата :)

Доделувањето на наградите започна со изненадување, па наградата за најзаразна песна ја освои Пинк со малку приглупиот хит "So What?". Со обзир дека во конкуренција за наградата беа и многу повеќе "заразните" "I Kissed a Girl", "All Summer Long" и "Mercy".

За најдобра концертна група беа прогласени младите ѕвезди Tokio Hotel кои својата популарност и ја должат токму на MTV.

Верувале или не, Бритни има најдобар албум
Крег Дејвид ја додели наградата за најдобар албум. Оваа година тоа е "Blackout" на Бритни Спирс. Треба да се спомне дека публиката ги бира добитниците со своите гласови преку интернет.

За најдобар урбан изведувач според гласовите на публиката е избран Канје Вест.

Омилен изведувач на публиката за 2008 е Бритни Спирс (аман), а од раката на Боно Вокс, признанието за животно дело го доби Пол Макартни.

Најголемото разочарување го доживеа младата и надежна пејачка Дафи, која не освои ниту една награда, иако беше номинирана во повеќе категории. Публиката на MTV очигледно повеќе сени слаби гласчиња и "тралала" песни на Кејти Пери и Бритни Спирс.

Доделувањето на наградите на местото на настанот го следеа оклу 10.000 луѓе, додека пред малите екрани тоа го сторија преку 30 милиони гледачи од цела Европа.

http://www.kajgana.com/statija_3855.html

Изборите на 22 март, ќе нема електронско гласање
09.01.2009 | 14:32
По 12 години уапсено лице осудено за убиство
09.01.2009 | 14:30
Утре на оглас нови 141 хентари државно земјиште
09.01.2009 | 14:29

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media