Петок, 07.11.2008
Јапонските научници објавија дека први успеале да создадат мозочно ткиво од ембрионални матични клетки, а овој нивен успех ги отвара вратите кон новите методи на лекување.
Научниците од Институтот Рикен успеале да генерираат ткиво на мозочната кора, која служи како своевидна "контролна кула" во човековиот мозок.
"Само некои болести можат да се лечат со трансплантација на едноставни клетки, но трансплантација на ткиво би можела да го подобри терапевтскиот процес", објави институтот.
"Добиеното ткиво сеуште е преслабо за лечење на пациенти кои претрпеле мозочен удар, но сега темелно ќе се проучуваа "ин витро" развојот на позрело ткиво на мозочната кора", додава Институтот.
Истражувањето на матичните клетки е ветувачко за болестите како ракот или дијабетесот, или за надоместување на оштетени органи, ткива или клетки во телото на човекот.