Петок, 07.11.2008
Холивудската ѕвезда Клинт Иствуд одлучи да престане да се занимава со актерство и во целост да се посвети на својата друга љубов - режијата.

Публиката само уште еднаш ќе може да го види неговиот актерски талент во филмот "Гран Торино" кој моментално го режира и во кој глуми ветеран на виетнамската војна.
Иствуд (78) изјави дека ова ќе биде и неговата последна улога.
"Во последно време често си говорев самиот на себе дека е доста и дека е време е да престанам со актерството. Морам да кажам дека многу поудобно се чувствувам позади кемарите", изјави Иствуд.
Пред "Гран Торино", последната улога на Клинт Иствуд му беше во "Девојка од милион долари", каде партнерка му беше Хилари Свонк.