Шоубизнис

» поопширно



Apple и RIM напредуваат, Nokia паѓа на пазарот...

Според резултатите од истражувањето на Canalys, побарувачката на iPhone и BlackBerry значително влијае на зголемувањето на уделот на Apple и RIM на пазарот за паметни телефони, но највеќе на штета на Nokia, која изгуби значителен дел од пазарот.

Според оваа аналитичка компанија, уделот на финската компанија на пазарот за паметни телефони е намален од 51,4% (колку што изнесуваше минатата година) на 38,9%. Apple пак, зазема 17,3%, а RIM 15,2%.

Проценките на Canalys се дека RIM ќе го преземе второто место од Apple во текот на овој квартал, затоа што наскоро ќе бидат пуштени во продажба новите модели на оваа компанија - Bold, Pearl 8220, а особено Storm кој е паметен телефон со дисплеј осетлив на допир.

Вкупниот раст на пазарот за мобилни телефони во третиот квартал на оваа година е намален на само 3%, додека пазарот за паметни телефони бележи раст од 28% во одност на истиот период минатата година.

http://www.kajgana.com/statija_3882.html

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media