Понеделник, 10.11.2008
Најновиот модел на автомобилот Ferrari ќе може да лета. Американската компанија "Moller International" работи на моделот Ferrari 599 GTBB кој на пазарот ќе се појави во 2010 година и ќе чини скромни 800.000 долари, но ќе може да лета на висина од 1.500 метри!

Моделот на италијанскиот автомобил со аеродинамичен облик е во фаза на тестирање. Според плановите, ова чудо од автомобил ќе постигнува брзина од 170 km/h на асфалт, а 240 во воздухот. 8-те мотори (четири под хаубата и четири во задниот дел на автомобилот) заедно ќе имаат снага од 800 коњски сили, а ќе ги движи хибридно гориво и струја. Возилото во воздухот ќе се движи слично како хеликоптерите, а кога ќе е на земја, крилата ќе ја превземат улогата на спојлери. Целиот проект се шпекулира дека е финансиран од еден руски тајкун.
Па, подгответе 800.000 долари, плус давачки - и кажете и збогум на сообраќајната гужва во вашиот град :)