Шоубизнис

» поопширно



Најсекси Бонд девојки

Понеделник, 10.11.2008

Филмовите за најпознатиот таен агент на светот Џејмс Бонд се познати не само по лудите изуми и бесните автомобили, туку и по опасно секси-девојките кои се појавуваат во нив. Без разлика дали имале улога на тајни агентки, жртви, убици, научници - имаат нешто заедничко - сите биле итекако секси, заводливи и самоуверени.

Во кревет со агентот 007 се нашле плавуши, црнки, бринети, црвенокоси, Азијатки и многу други убавици, а Бонд се врза само со две од нив. Во филмот "On Her Majesty's Secret Service" се ожени со контесата Тереза која при крај на филмот беше убиена, а во "Casino Royale" Веспер Линд го 'матираше' 007 и го стекна епитетот на наводно "единствената жена која Бонд вистински ја љубел", поради што шармантниот агент веќе не се врза со нити една жена. Барем, не до наредниот филм.

Најсекси жената на светот во изборот на магазинот Esquire и поранешниот романтичен интерес на Џејмс Бонд, Хали Бери со причина ја заслужува титулата најсекси Бонд девојка. Сцената во која Хали излегува од морето во портокалови бикини сеуште ги подгрева машките фантазии.

Малку повозрасните се сеќаваат на плавокосата амазонка Урсула Андрес која пак, во бело бикини директно од морето заврши во прегратката на осамениот Бонд (Шон Конери) на тропскиот остров во филмот 'Dr. No'.

Во претпоследниот филм за 007, 'Казино Ројал' Ив Грин ја глумеше заводничката Веспер Линд која го маѓепса Бонд, а секси погледот ја одведе кон самиот врв на топ листата за најсекси жени 007.

Атрактивната холанѓанка Фамке Јансен ја глумеше злобната и бесрамно секси Ксенија Онатоп, која доживува оргазми убивајќи други луѓе.

Атрактивната украинка Олга Куриленко во најновиот 'Quantum of Solace' не се појавува во секс-сцени со Бонд, всушност тие двајца само еднаш се бакнуваат. Новиот Бонд доживеа големи промени, па веќе не е заводник кој постојано носи жени во кревет (логично за секој кој макар на слика го видел Даниел Крејг, најновиот актер во улогата на агентот 007) но за среќа неговите колешки сеуште се многу секси. Олга е жив доказ!

Прогласена е за најлоша Бонд девојка во историјата кога е во прашање глумата, се разбира, бидејќи ако зборуваме за сексапилот, Дениз Ричардс котира високо на листата за најдобри риби. Секој машки фан на Бонд кој го гледал "The World Is Not Enough" би посакал уште една шанса за (по мајка, хрватикињата) Дениз Ричардс во некој иден филм за Џејмс Бонд.

Се сеќавате ли на атрактивната бринета во слатко зелено бикини која јава на бел коњ? Преубавата Катерина Мурино имаше мала, но забележителна улога во 'Casino Royale', а глумеше жена која се осветува на својот сопруг (озлогласен криминалец), и тоа на најдобриот можен начин - спиејќи со Бонд.

Низ Бондовиот кревет продефилирале уште многу други убавици, фклучувајќи ја преубавата французинка Карол Буке, Тери Хачер, Изабела Скорупко, Брит Екланс, Барбара Бах... Во улогите на Бонд девојки се нашле многу актерки, повеќето од нив дотогаш непознати, кои после остварените улоги во филмовите за тајниот агент не успеале да реализираат некоја забележлива улога. Од таму потекнува и приказната за 'Проклетството на Бонд', бидејќи многу од нив после улогите во серијалот филмови за Џејмс Бонд, паднале во заборав. Но, оние кои вредат, ги паметиме, нели?
 

http://www.kajgana.com/statija_3901.html

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media