Шоубизнис

» поопширно



12 правила на Мадона

Вторник, 11.11.2008

По неколку недели раздвоен живот, пресреќниот Гај Ричи повторно ги виде синовите Роко и Дејвид, кои слетаа на лондонскиот аеродром со "благослов" на Мадона, која во моментов има полни раце работа со турнејата. Но, поп кралицата се погрижи и на англиско тло до детал да ги контролира животните навики на своите малечки.

Со таа цел, преку личните асистенти, на Гај му испратила 12 услови кои британскиот режисер мора да ги исполни додека децата се со него во Лондон.

1. Под никој услов децата не смеат да читаат весници, ниту смеат да гледаат ТВ или ДВД.

2. Мораат да јадат макробиотичка и вегетаријанска храна без рафинирани и преработени состојки.

3. Водата која ќе ја пијат, дури и онаа во разредените органски сокови мора да биде "Кабала вода" (природна изворска вода која ја благословиле водачите на Кабалата).

4. Мораат да ја носат облеката која Мадона им ја испратила. Доколку им затреба уште облека, Гај смее да им купи, но мора да биде без вештачки влакна.

5. Доколку се наоѓаат на некое јавно место, рацете мора да им бидат редовно дезинфицирани со спреј.

6. Не смее да им се купуваат играчки кои на било кој начин се духовно или етички спорни.

7. Гај не смее да разговара со нив за разводот.

8. Мадона мора да се чуе со нив три до четири пати дневно и тоа во термини кои таа ќе ги одреди.

9. Децата не смеат да запознаваат нови пријатели на Гај, посебно пријателки со кои се дружи од раздвојувањето.

10. Не смеат да се дружат со родителите на Гај.

11. Додека се со Гај, не смеат да бидат фотографирани. Тој како знае и умее мора да ги заштити од ова.

12. Пред спиење, на Дејвид мора да му чита од серијата книги за деца на Мадона "Еnglish Rose".

http://www.kajgana.com/statija_3925.html

Изборите на 22 март, ќе нема електронско гласање
09.01.2009 | 14:32
По 12 години уапсено лице осудено за убиство
09.01.2009 | 14:30
Утре на оглас нови 141 хентари државно земјиште
09.01.2009 | 14:29

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media