Шоубизнис

» поопширно



Еден во 12.5 милиони

Среда, 12.11.2008

Истражувачите откриваат дека спамерите остваруваат профит на 1 од 12.5 милиони испратени пораки. Без разлика што повеќето од нас ги игнорираат овие мејлови, тие кои на крај сепак нарачуваат некој производ се најзаслужни за остварување на профитот.

Луѓето кои стојат позади ова истражување велат дека користеле дел од мрежата на спам групата наречена "Storm" во текот на еден месец на почетокот на годинава, при што користеле 75.000 компјутери за испраќање на несакана пошта.

Во тој период испратиле речиси 350 милиони спам пораки, но само 28 примачи го купиле производот. Сепак, доколку во оваа акција би се користела целата мрежа на "Storm", спамерите би имале заработка од приближно 7.000 долари дневно, односно 2 милиони долари годишно.

Технологијата за филтрирање на овие несакани пораки напредува, но и спамерите не седат со скрстени раце. Тие напорно работат на нови техники со кои успешно ги заобиколуваат анти-спам филтрите на мејл серверите. Истражувањето докажува дека единствен успешен начин за спречување на спамот е игнорирање на овие рекламни пораки.

http://www.kajgana.com/statija_3928.html

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media