Среда, 12.11.2008
Google разви нова алатка која ќе им помага на американските медицински центри да пронаоѓаат и следат болести, со што ќе функционира како систем кој навремено и прецизно ќе предупредува за можни епидемии на грип.
Алатката ќе ги следи термините како 'болка во мускулите', 'топломер' или 'кашлица' кои луѓето ќе ги внесуваат во Google search системот за пребарување, а асоцираат на потенцијално "грипосан" корисник. Системот ќе го прати порастот на пребарување на зборови кои се асоцијативни на грипот, како и географската позиција на разболените пребарувачи, после што ќе го извести Центарот за превенција и контрола на болести во САД.
За оваа алатка на чиј развој работеше филантропска екипа на Гугл, се вели дека може да забележи знаци на појава и развој на епидемија на грип од 7 до 10 дена пред тоа да би го регистрирале вработените во Центарот за превенција и контрола на болести на досега стандардниот начин, што е од особена важност, бидејќи колку порано дојде до предупредувањето, толку побрзо ќе бидат превземени мерки за превенција и контрола, со што прилично би се намалиле шансите да дојде до епидемија.