Интернет џинот не престанува со унапредувањето на своите производи и услуги. Најновата надградба се однесува на додатокот за Gmail.

Корисниците кои ќе посакаат класичен чет со останатите корисници на Gmail, со новата можност за гласовна и видео комуникација треба да инсталираат соодветен додаток, а тоа можат да го направат овде.
А бидејќи новата услуга ќе резултира и со зголемена побарувачка на веб камери, Google направи договор со Logitech и онлајн продавницата buy.com, па одредени модели на камери можат ад се купат по намалена цена за 30%.