Четврток, 13.11.2008
Во Мексико, научниците успеаја да создадат синтетички дијаманти од текила. Останува уште да пронајдат правилен и корисен начин на употреба на новото откритие.
Работата на ова интересно откритие започнала пред 13 години кога мексиканските научници експериментирале со гасови како метанот, за добивање на синтетички дијаманти. Подоцна, произведувајќи дијаманти од различни течности забележале дека идеалниот сооднос за создавање на кристалот е употреба на 40% етанол и 60% вода, сооднос кој е многу сличен на хемиската содржина на популарниот алкохолен пијалак.
Во процесот на добивање на синтетички дијаманти од текила, научниците користеле пареа од бела текила, која кога со одлагање на база од чист челик создава дијамантски филм. Според пронаоѓачот Мигел Апатига, дијамантите од текила би можеле да се искористат за откривање на радијација, изработка на алат за сечење или како замена за силиконот во компјутерските чипови, бидејќи при оваа постапка се добиваат мали кристали - кои се премногу ситни за да се употребуваат за изработка на накит.
Којзнае што би се случило доколку наместо текила, употребеле стара лозова ракија. Македонски аматери-хемичари, вие сте на потег.