Германските доктори се плашат да си признаат самите себеси дека излечиле пациент кој болувал од СИДА после трансплатацијата на коскена срж од пациент кој генетски е отпорен на ХИВ вирусот.
Имено, околу 1000 Eвропјани и Aмериканци наследиле генетска мутација која го спречува ХИВ вирусот да ги зарази клетките во нивниот организам.
Научниците од Берлин објавија дека човек заразен со ХИВ, кој болувал и од леукемија, две години после трансплатацијата на коскена срж, не покажува симптоми на нити една од двете болести.
Овие резултати можат да дадат нова насока кон пронаоѓањето на лекот за "чумата на 21-от век" со помош на генетска терапија, откако сите останати обиди за справување со ХИВ и СИДА се покажаа како неуспешни.
Среќникот (кој според нас, треба да го промени своето име во "Бинго") е 42-годишен американец кој живее во Берлин, и повеќе од 10 години го поседувал ХИВ вирусот, а по трансплатацијата на коскена срж (поради леукемијата), анализите на неговата нова коскена срж, крв и органско ткиво покажале дека се "чисти".
Потенцијалниот херој на оваа приказна се вика Геро Хитер, докторот од берлинската клиника, кој во очи на операцијата на заболениот пациент се присетил дека некои луѓе имаат генска мутација која ги прави отпорни на ХИВ, а факторот среќа придонел да меѓу донорите на коскена срж пронајде точно таков човек, чија коскена срж ја всадил во телото на болниот Американец.
Помалку претпазливо поставувајќи се кон сензационалните вести кои доаѓаат од преку Атлантикот, водечкиот истражувач на ХИВ вирусот, Др. Ендрју Бедли од Мајо клиниката во Минесота (САД) предупреди дека се потребни повеќе тестови за да се докаже дека пациентот од Берлин е навистина излечен од страшната болест.
Проценките велат дека во целиот свет со ХИВ се заразени 33 милиони луѓе, додека само во Африка на годишно ниво СИДА-та носи 2 милиони жртви. Дали Др. Геро Хитер го промени текот на справувањето со страшната болест, ќе покаже времето. Тој прославувајќи ја својата победа на "СИДА-та", најави дека очекува подобри денови за болните од оваа болест.