Германската полиција во паркот Стралсунд пронашла пијан човек ко го соборил рекордот во пијанство: на алкотестот му биле измерени 7,67 промили алкохол.
Иако 44 годишниот маж бил "мртов пијан", имал сила да дува во алкотестот, а полицајците останале шокирани што воопшто е уште жив.
Мажот, кој од претходно бил познат како алкохоличар, бил однесен во болница на трезнење. Полицаецот кој го пронашол изјавил дека во својата 28 години долга служба, досега не видел толку пијан човек.
Полицајците ја исклучуваат можноста од грешка на алкотестот. Инаку, количините над 3,8 промили алкохол во крвта се сметаат за смртоносни.