Шоубизнис

» поопширно



Делумна приватизација на Македонска Пошта

Министерството за транспорт и врски денеска објави оглас за консултантски услуги за изготвување Студија за утврдување и избор на најповолен модел и обем на делумна приватизација на акционерското друштво за поштенски сообраќај „Македонска пошта”.

Огласот е меѓународен и освен во домашните печатени медиуми, ќе биде објавен и во меѓународниот дневен весник „Financial Times“.

Заинтересираните компании треба да достават листа на исти или слични консултантски услуги кои ги извршиле во последните три години со приложување на потврда за задоволително извршување на услугите, вклучувајќи вредност, време и локација на извршување на услугите, како и референтна листа за образовните и професионалните квалификации на стручниот кадар вклучен во тимот консултанти кои треба да ја изготват студијата. 

Компаниите, меѓу останатите докази за техничката и професионалната способност, треба да достават и осврт на методологијата којашто консултантскиот тим ќе ја примени при подготовка на Студијата за утврдување и избор на најповолен модел и обем на делумна приватизација на „Македонска пошта”.

Пријавите за учество ќе можат да се достават најдоцна до 12 часот на 22 декември.

- Со изготвувањето на оваа студија, Владата на Република Македонија очекува да бидат јасно утврдени финансиските и техничките параметри преку кои ќе биде предложен најдобриот модел за делумна приватизација на акционерското друштво „Македонска пошта“, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

http://www.kajgana.com/statija_3996.html

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media