Шоубизнис

» поопширно



Се разведува Берни Еклстоун

Сабота, 15.11.2008

Сопственикот на Формула 1 Берни Еклстоун наводно се разведува од неговата 24 години помлада сопруга Славица, која веќе киднала од нивниот заеднички дом во Кенсингтон, вреден 10 милиони фунти.

Доколку пишувањата на британските медиуми се покажат точни, пред нас е еден од најскапите разводи во историјата.

По 24 години брак, поранешната хрватска манекенка наводно се иселила од домот кој го дели со 78 годишниот Берни, додека тој бил во Бразил.

Госпоѓата Еклстоун (54) веќе ги контактирала адвокатите за развод, а доколку навистина дојде до тоа, ќе биде интересно да се види расплетот на ситуацијата, бидејќи Берни веќе го има препишано на нејзино име поголемиот дел од неговиот имот.

Од 2,4 милијарди фунти на колку што е проценето неговото богатство, 1,9 милијарди во 1999 година се ставени на оф-шор сметки кои ги контролира Славица.

Парот има две ќерки - 24 годишната Тамара и 19 годишната Петра. Се запознале во 1982 година на Гранд При трката во Италија, каде Славица работела како хостеса, а се венчале две години подоцна.

http://www.kajgana.com/statija_4002.html

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media