Шоубизнис

» поопширно



Што може да ги олади жените во кревет?

Понеделник, 17.11.2008

Жените се почувствителни, па им требаат многу повеќе предуслови за добар секс. За да не доживеете фијаско во кревет, освен на лошиот здив, треба да повнимавате и на следниве работи:

ВЛАКНА

Избричете ја брадата
Неколкудневната брада може да биде секси, но само на изглед. Кога ќе почне да се трие од нежната женска кожа, посебно од лицето или бедрата, грубата брада не претставува уживање, туку предизвикува болка. Решението е свежо избричено лице или малку подолга брада која заводливо ќе скокотка, а нема да гребе.

Влакна на интимната зона
И жените сакаат кога машките гениталии немаат "шума". Освен што сметат при оралниот секс, влакната можат да задржуваат и неугоден мирис. Ова не значи дека мажите треба да подлегнат на тортурата на депилацијата, но можат својата интимна зона барем малку да ја средат, да ја држат уредна и да ги скратат влакната.

Тепихот на грбот не е секси
Иако не е ваша вина доколку на грбот имате премногу влакна, обидете се барем да го решите проблемот. Вашата партнерка редовно оди на депилација, а трпи и други козметички третмани. Посетете и вие барем еднаш месечно козметички салон и ослободете се од естетскиот недостаток.

БЕЗ МНОГУ АГРЕСИВНОСТ

Не ја гризајте, барем не претерано
Жените сакаат мала доза на грубост, страст и животински секс. Но, гризањето кое предизвикува болка е забрането. Нормално дека партнерката може малку да ја грицнете, но брадавиците, устата и вратот не се места на кои треба да ги тренирате забите. Обидете се со нежно грицкање и видете како ќе реагира.

Внимавајте на тежината
Силното машко тело е привлечно, но силни сто килограми опуштени врз далеку послабото женско тело можат да бидат демотивирачки. Мажите понекогаш во занес забораваат дека се потешки, па додека со рака го истражуваат телото на партнерката, целата тежина на своето тело ја положуваат врз неа. Доколку ви е тешко да одржувате рамнотежа, нека биде партнерката над вас.

ХИГИЕНА

Внимавајте на здивот
Океј, рака на срце, комбинацијата на цигари и алкохол на некои жени може да влијае напалувачки, но сепак - уста која мириса свежо и чисто е далеку попривлечна. Внимавајте на хигиената на устата и забите, лошиот здив е една од препреките за добар секс.

Уредни нокти и раце
Нечисти, изгризани или неисечени нокти и груби раце не се баш добра препорака за секс. Рацете се огледало на хигиената. Ако имате запуштени или предолги нокти, или уште полошо - нечистотија под нив, заборавете на физичката љубов.

Правила на оралниот секс
Жените не сакаат со сила да им го бутате пенисот во уста. Дозволете и на вашата партнерка сама да оцени кога и на кој начин ќе го стори тоа.

http://www.kajgana.com/statija_4016.html

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media