Понеделник, 17.11.2008
Британското министерство за внатрешни работи одлучи да стави крај на плаќањето за сексуални услуги, како и на бизарната навика на деловните луѓе кои после напорниот работен ден си наоѓаат забава во стриптиз клубовите кои во оваа земја никнуваат како печурки после дожд.
На чело на помалку револуционерните промени кои би требало да донесат ред во овој "скокотлив" сектор застана Џеки Смит, британската министерка за внатрешни работи, која планира во скоро време да воведе ригорозни парични казни за сите кои ќе бидат фатени во "незгодна позиција" - а за таква ќе се смета и позицијата во која некоја стриптизета ќе ви игра во скут, доколку хипотетички еден ден посетите некое вакво место во Обединетото Кралство. Но, тоа не е се што Г-ѓа Смит планира да направи.
Покрај срамот, кој директно ќе влијае на смалување на работата на стриптиз клубовите, ќе се воведе мнгоу построга контрола кон издавањето на дозволи за отворање на пабови, бидејќи зад завесите на пабовите се кријат најголемиот дел од британските стриптиз дувла.
Новиот закон ќе се занимава и со услугите кои жените ги нудат преку "сватови" (или народски речено, макроа), како и со нарко-зависничките кои кај своите дилери плаќаат во натура. Посебно "лизгав терен" е делот од законот кој предвидува можно подигнување на обвинение за силување против некој кој ќе биде фатен "на дело" со жена која е жртва на трговијата со бело робје.
Синдикатот на англиски проститутки остро се спротистави на законот, бидејќи смета дека нивниот избор на професија е нивно лично право, а доколку владата смета дека нивната работа е навредлива и противзаконита, бараат солидно финансиско обештетување, како би се повлекле од бизнисот.
Во секој случај, внимавајте...ако сте во Британија, нормално :)