Шоубизнис

» поопширно



"Лукоил" ќе продолжи да инвестира во Македонија

Лукоил“ ќе инвестира во изградба на уште шест нови бензиски станици во Република Македонија со што до крајот на следната година нивниот број ќе изнесува 15.

Ова го соопшти соопшти Влаентин Златев, директор на Балканската дирекција на руската нафтената компанија „Лукоил“ на средба со новинари од балканскиот регион во Софија.

Златев потенцира дека Македонија е перспективен регион за нивните инвестиции, а како проблем со кој се соочуваат ги наведе нерешените имотно-правни односи на локациите на бензиските станици. Тој вели дека како компанија претендираат за рамноправност на македонскиот пазар и оти ќе инвестираат според потребите на населението. До крајот на годинава инвестиициите на „Лукоил“ во Македонија ќе достигнат над 12 милиони долари.

Златев информираше дека компанијата е во преговори за инвестиции во Албанија и Словенија, а преговараат и за влез на пазарот во Косово.

На новинарско прашање за влијанието на глобалната финансиска криза врз работењето на „Лукоил“, Златев рече дека кризата не може да се одрази врз нивната компанија. Сепак, имаат разработено стратегија за коригирање на инвестициската програма. Најлошото решение, според него, ќе биде намалување за 40 отсто на инвестициите на Балканот за да се стабилизира компанијата.

„Лукоил Македонија“ својата комерцијална дејност ја почна на 17-ти август 2005 година, со потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Владата на Република Македонија и претставници на нафтената компанија. Во Македонија „Лукоил“ врши големопродажба и малопродажба на нафтени деривати, има отворено девет бензиски станици, од кои неколку во Скопје, како и во Штип, Прилеп, Битола, Струмица...

„Лукоил“ во Црна Гора има девет бензиски станици, 14 во Хрватска, 158 во Србија и 195 во Бугарија.

http://www.kajgana.com/statija_4020.html

Изборите на 22 март, ќе нема електронско гласање
09.01.2009 | 14:32
По 12 години уапсено лице осудено за убиство
09.01.2009 | 14:30
Утре на оглас нови 141 хентари државно земјиште
09.01.2009 | 14:29

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media