Капитенот на Челзи Џон Тери верува дека неговиот соиграч, 26 годишниот десен бек Хозе Босингва е едно од најголемите засилувања сезонава на Островот.

Иако трансферот на Босингва од Порто има силна конкуренција, Тери верува дека Челзи го купил токму најдоброто.
"Со сигурност, тој е едно од најголемите засилувања сезонава. Многу допринесува за нашата екипа и во нападот, а во одбраната е цврст. Има одлична и лева, и десна нога и знае да забие гол, додека кога е во одбрана противничките играчи тешко го поминуваат", изјави Тери.
Капитенот на Челзи даде осврт и на англиските медиуми кои веќе го исклучија Арсенал од трката за титулата сезонава, по само 13 кола:
"Арсенал и понатаму е конкурент за титулата, иако моментално заостанува девет бодови зад нас. Таков голем тим никогаш не треба да се отпишува. Арсенал има квалитетни играчи кои можат да заредат со победи".