Напаѓачот на Интер Златан Ибрахимовиќ (27) е добитник на наградата за најдобар фудбалер на годината во Шведска и со ова стана прв шведски играч кој наградата ја има освоено три пати (2005, 2007, 2008).

На Ибрахимовиќ му припадна и наградата за најдобар играч според изборот на публиката, која на гала свеченоста во Стокхолм му ја врачи можеби најдобриот играч на сите времиња - Пеле.
"Трета среќа. Ова е фантастично чувство, како да ги испишувам страниците на историјата", изјави Ибрахимович, кој во досегашниот тек од сезонава постигна седум голови во 12 одиграни натпревари за Интер.