Шоубизнис

» поопширно



Паметен или згоден?

Вторник, 18.11.2008

Сексуалната привлечност и физичкиот изглед се важен фактор при одбирањето на партнер. Но, кога е во прашање врската на подолги патеки, по се изгледа дека на жените им е поважна интелигенцијата.

Во истражувањето кое е спроведено на факултетот Елон во Северна Каролина, од жените е побарано да ги набројат квалитетите кои најмногу ги ценат кај мажите. За тоа време, Марк Прокош и неговиот тим со камери ги снимале 15-те колеги кои извршувале најразлични задачи: читање на дневни исечоци од весници, дискусија за тоа зошто баш тие би биле идеални партнери, расправа околу последиците на откривањето на живот на Марс, играње фризби... Секој од нив решил и вербален тест на интелигенција.

Потоа, повеќе од 200 жени ги погледнале видео снимките пред да ги оценат интелигенцијата, привлечноста и креативноста - и да ги одберат оние со кои би имале краткотрајни или долги врски.

Резултатите покажале дека сексуалната привлечност и изгледот се важни фактори, но колку е мажот попаметен, толку е и попосакуван за долга врска.

"Жените за долгорочна врска не ги сакаат само атрактивните мажи, тие сакаат и интелигентен и способен човек покрај кого би се чувствувале сигурни. Многу жени бараат паметен маж бидејќи тој многу веројатно полесно би ја одржал фамилијата, а своите добри гени ќе ги префрли на своето потомство. Во потенцијалниот сопруг, жените бараат знаци кои ќе покажат дека токму тој би бил добар татко", изјави Марк Прокош, раководителот на студијата.

Сепак, сексуалната привлечност и физичкиот изглед и понатаму играат значајна улога при одбирањето на партнерите. Самиот Прокош додава: "Доколку би имале прилика да одберете еден од пет различни луѓе, сосема сигурно ќе го изберете оној кој ви изгледа како најпривлечен".

Мажјаци, енциклопедијата под рака, и трк во теретана.

http://www.kajgana.com/statija_4057.html

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media