Вторник, 18.11.2008
Не мора да ги владеете "Петте Тибетански Ритуали" како би ја вратиле природната боја на вашата побелена коса. Еден научен експеримент покажал резултати кои може да ви ја олеснат работата околу затскривање на седите влакна со постојано префарбување на косата.

Во можеби не толку далечна иднина, потребата за боење на седите влакна повеќе нема да постои бидејќи ќе се замени со шампон кој го враќа природниот пигмент на косата. Експериментирајќи со средството K(D)PT на седи влакна од коса кај жени, научниците успеале да го вратат природниот пигмент на влакната на косата.
Проблемот (кој нели претпоставувавте дека мора да постои) е во тоа што "лекот" е делотворен само на влакната кои се "болни", на пример од теме кое е склоно кон алопеција, а оние кои допрва ќе нараснат ќе ја имаат повторно седата боја, односно ќе бидат без пигмент.
"Конкретно, примената на третманот K(D)PT може да виде делотворна во случаите на депигментација на косата после рехабилитацијата од Alopecia Areata", изјави Др. Ралф Паус во British Journal of Dermatology, додека неговите колеги се согласуваат дека ова постигнување е важен чекор напред кон лечење на де-пигментацијата, но сеуште во експериментална смисла.
Стручњаците сепак се согласуваат дека постои оправдана можност и кај косата која побелела од стареење да се врати изгубениот пигмент.