Вторник, 18.11.2008
Кошаркарите на Хјустон на гостувањето го совладаа тимот на Оклахома со 100:89, но натпреварот беше фатален за нивниот Трејси Мекгрејди кој го повреди коленото.
Кошаркарот на Хјустон во првата минута од второто полувреме ја обнови старата повреда на левото колено и беше принуден веднаш да ја напушти играта.
На синоќешниот натпревар, најефикасен во редовите на Хјустон беше Луси Скола со 23 поени, а Јао Минг збрца 19 поени.
Ова е седма победа за Хјустон сезонава, додека за Оклахома е деветти по ред пораз, од вкупно десет порази во сезоната.
Најефикасен во тимот на Оклахома беше Кевин Дурант со 29 поени, а Џеф Грин постигна 16.
Еве ги и резултатите од преостанатите одиграни натпревари:
Хјустон - Оклахома 100:89
Јута - Феникс 109:97
Сан Антонио - ЛА Клиперс 86:83