Шоубизнис

» поопширно



Aх деца, деца...

Вторник, 18.11.2008

Повеќе од 50% од Британците сметаат дека децата во нивната земја се однесуваат како животни, а многу меѓу нив веруваат дека со тек на времето, голем дел од клинците стануваат опасни кон своите врсници, но и кон возрасните.

Ова се резултатите од јавната анкета која ја спроведе хуманитарната организација Barnado's. Во соопштението од организацијата пишува дека резултатите од анкетата поприлично ги шокирале дури и нив, односно шокирачки бил заклучокот дека децата покажуваат вознемирувачки степен на нетолеранција према своите врсници.

Еден од најшокантните примери кои го спомнуваат жителите на островот е убиството на таткото на три деца Гери Њулав, кој бил на мртво претепан од тројца тинејџери, откако во една прилика ги опоменал за нивното однесување. Во меѓувреме, бројот на тинејџери кои убиле свои врсници или извршиле самоубиство, значително е зголемен. На лондонските улици само во текот на оваа година, насилно погинале дури 28 млади лица.

Интересно, дури 45% од испитаниците во анкетата сметале дека према децата и младите треба да се постапува како према животни, бидејќи и самите се однесуваат на тој начин.

http://www.kajgana.com/statija_4065.html

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media