Шоубизнис

» поопширно



Балканот поделен по прашањето на Косово

Поголемиот број Срби, Црногорци и Македонци сметаат дека независноста на Косово има негативно влијание врз стабилноста на Балканот, додека мнозинството Албaнци, Хрвати и Бошњаци имаат спротивно мислење, покажува резултатите од анкетата на агенцијата „Галуп“ објавени во Брисел.

Според испитувањето на јавното мислење, спроведено во земјите од Западен Балкан, 47 отсто од граѓаните на Македонија оцениле дека независноста на Косово има негативни последици врз стабилноста на Балканот, a 42 проценти изјавиле дека има позитивно влијание. Позитивен став кон независност на Косово имаат дури 87 отсто од македонските Албанци и само 17 проценти од Македонците.

Дека независноста на Косово влијае негативно на балканската стабилност оцениле и 74 отстo од жителите на Србија, по 44 проценти од граѓаните на Црна Гора и на БиХ и 38 отсто од анкетираните во Хрватска.

Позитивно на незвисноста на Косово гледаат само 8 проценти од испитаниците во Србија, 20 отсто во Црна Гора, 27 проценти во БиХ, 30 во Хрватска, 89 во Косово и 92 отсто од жителите на Албанија.

- Во повеќето земји, освен во Албанија и Косово, испитаниците се скептични во врска со улогата на независноста на Косово во постигнувањето мир и помирување во регионот, заклучува „Галуп“.

Анкетата покажува и дека 60 отсто од граѓаните на Србија сметаат дека Белград никогаш нема да го признае независно Косово, додека мнозинството косовски Срби се на мислење дека е невозможна мирна коегзистенција со Албанците.

На прашањето дали е можен нов конфликт во регионот, позитивно одговориле 36 проценти од граѓаните на Македонја, 22 проценти од испитанаците во Србија и 21 отсто од жителите на Република Српска.

http://www.kajgana.com/statija_4067.html

Изборите на 22 март, ќе нема електронско гласање
09.01.2009 | 14:32
По 12 години уапсено лице осудено за убиство
09.01.2009 | 14:30
Утре на оглас нови 141 хентари државно земјиште
09.01.2009 | 14:29

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media