Шоубизнис

» поопширно



Кога е вистинскиот момент за брак?

Постојат ли идеални години за венчавка? Дали е подобро во брак да се стапи како млад, или е попаметно да се причека? Некогаш, за 20-годишната жена која не била мажена се зборувало како за стара мома...а денес?

Се подоцна и подоцна
Според истражувањето спроведено во САД, просечната возраст на жените кои стапиле во брак во 1990-те била 22 години. Денес, истиот просек вика - 26 години, а за мажите 28. Во 40-тите години на минатиот век, идеалната возраст за венчавка на жените била 21 година, денес е 25.

Ваквите отстапувања низ текот на годините имаат смисла. Жените денес се се попосветени на образованието, кариерата и финансиската независност, иако ова не се единствените причини. Денеска и на мажите и на жените би им требало подолго време после кое би се чувствувале прилично возрасни.

Дали е тоа добро за љубовта?
Некои се согласуваат дека е попаметно и подобро во брачните води да влезеш како млад. Едноставно, има повеќе енергија за градење фамилија и посветување на жената и децата. Некои пак тврдат дека финансиската независност која доаѓа со годините ја смалува можноста за развод, но и за работа "на" децата.

Многу истражувања ги проучувале браковите на помладите и постарите парови кои покажувале различни резултати за тоа кој е посреќен во бракот: младите или старите. Оваа разлика веројатно постои поради различните приоритети кои паровите ги имаат - младите парови кои млади се венчале, немаат преголемо искуство во разочарувањата од љубовните врски, додека во подоцниот период од животот, паровите повеќе ја ценат компатибилноста и заедничките интереси.

http://www.kajgana.com/statija_4071.html

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media