Шоубизнис

» поопширно



Нова хит ТВ серија

Среда, 19.11.2008

И додека на нашите телевизии најактуелни се љубовните перипетии помеѓу Фернандо кој е заљубен во Марија, и кој во последната епизода открива дека си е тетка сам на себе - на западот има нешто ново.

Одговарајќи на фасцинантниот однос на јавноста кон се што е поврзано со митовите за вампирите, најновиот продукт на телевизискиот гигант HBО (Home Box Office) насловен како "True Blood" оствари рекордна гледаност оваа година и се искачи на високото трето место на најпопуларни серии на HBO  воопшто, после "The Sopranos" и "Sex and the city".

Серијата која е базирана на серијалот новели напишани од Шарлејн Харис, а во главната улога се појавува Ана Пакин, од премиерното прикажување во септември го зголеми својот рејтинг за 66 проценти. Првото сезонско финале американците ќе го гледаат во недела, а веќе се работи на сценариото за втората сезона на оваа ветувачка серија.

Додека дојде моментот и ние да ја гледаме оваа серија (веројатно после завршувањето на 157-та сезона на aктуелните шпански сапуници) еве збор два и за содржината на "True Blood": Вампири, жени - телепати и "shape-shifters" (луѓе кои можат да се претворат во некое животно) се секојдневие во едно мало градче во Луизијана, во кое избувнува романса помеѓу убавата келнерка (Пакин) и Бил, крволочниот вампир (Стивен Мојер).

Повеќе, за некоја година на нашите телевизии :)

http://www.kajgana.com/statija_4078.html

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media