Моментално седум - осум земји во светот и делумно Бугарија се занимаваат со незаконско производство на автомати „Калашников“, изјави денеска висок претставник на руската компанија за трговија со оружје „Рособоронекспорт“.
Според директорот за специјални задачи Николај Демедјук „светот ги користи автоматите „Калашников“, а делумно тие се фалсификуваат во Бугарија“.
На пресконференцијата во Џакарта, Демедјук истакна дека нема да ги именува поединечно другите земји кои нелегално произведуваат „АК-47“, со цел „да не ги засрами“.