Четврток, 20.11.2008
Водечките луѓе во шведското здравство најавија дека фетишизмот и садомазохизмот ќе се избришат од официјалната листа на болести и ментални пореметувања во Шведска.
Националниот одбор за здравство објави дека со обележувањето на наведените видови на сексуално однесување и роден идентитет како пореметувања може да се засилат предрасудите во општеството. Оваа одлука била топло поздравена од активистите за правата на хомосексуалците и трансполовите личности.
Претседателот на одборот Ларс-Ерик Холм изјави дека се подготвува ова прашање да го постави и на меѓународно ниво, откако шведската здравствена организација ќе започне со процесот на обновување на својата досегашна (и застарена) класификација.