Шоубизнис

» поопширно



Иран: Забрана за 5 милиони веб страници

Четврток, 20.11.2008

Иран воведе рестрикција за 5 милиони страници на глобалната интернет мрежа, изјави претставник од иранското јавно обвинителство, не заборавајќи да додаде дека станува збор за страници од "неморална и антиопштествена содржина".

"Непријателите на нашата земја и религија се користат со алатките на интернетот за да го нападнат нашиот верски идентитет" - се зборовите на Абдолсамад Корамабади, советник на главниот обвинител во Иран. Властите на оваа земја со години ги присилуваат иранските интернет провајдери да постават филтри во своите системи кои би го забраниле пристапот на сајтови со порнографска содржина, но и до одредени политички сајтови кои потекнуваат од Иран и целиот свет.

Додека ги жалите Иранците, може да проверете што се случува на еден од сајтовите кои со сигурност им е достапен (можеби дури и со закон им е пропишано да им се наоѓа на хоум-пејџ): Повелете на официјалниот блог на симпатичниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад.

Аха, дури и Ахмадинеџад е блогер! А дали е регистриран на Фејсбук или Хај Фајв како нашите политичари, сеуште не знаеме :)

http://www.kajgana.com/statija_4101.html

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media