Четврток, 20.11.2008
Доколку мислевте дека само Џејмс Бонд може на рака да носи нешто вакво, погледнете го sWaP, аналогниот рачен часовник + мобилен телефон - во едно.
Висококомпатибилната направа која изгледа како рачен часовник, а има интегриран мобилен телефон во себе, содржи уште и камера од 1.3 мегапиксели, Bluetooth опција (преку која се поврзува слушалка и микрофон за зборување), поддржува T-флеш картица која може да се надоградува до 2 GB, по желба ќе ви пушта MР3-ки, а доколку сакате може и да гледате филм во MР4 формат на екранот од 1.5 инчи кој работи на допир.
Задоволството да заличите на Џејмс Бонд би ве чинело околу 380 американски долари. Па, што чекате?
