Шоубизнис

» поопширно



Будистички монах силувал британска туристка

Млад будистички монах е уапсен од камбоџанската полиција за силување на 39-годишна британска туристка додека ја водел во обиколка на  будистички храм на врвот од планина Пном Сам Пов.

Торн Софоан (17) го признал делото. Младиот будист веќе е исфрлен од будистичкиот храм иако само еден месец пред тоа бил прифатен во братството.

Британската туристка тргнала кон планината Пном Сам Пов во посета на храмот и трите природни извори во околината.

Полицијата соопшти дека туристката била многу вознемирена кога го пријавила случајот во полициската станица во вторникот попладне.

Обвинетиот монах може да се соочи со затворска казна од 25 години.

Во Камбоџа многу млади лица заминуваат во будистичките храмови поради сиромаштијата што владее во земјата.

Камбоџа од една страна е атрактивна за туристите, но но од друга страна важи за многу небезбедна земја за странците.

Минатиот месец четворица поранешни припадници на озлогласената герила Црвени Кмери беа осудени на доживотни затворски казни за убиство на британски рударски експерт. Минатата година во јануари 8-годишно девојче од Франција било малтретирано од будистички монах на познатиот археолошки локалитет Ангкор Бат по што монахот е исклучен од братството.

Седум месец подоцна, монах е уапсен за силување и убиство на 10-годишно дете од Камбоџа.

http://www.kajgana.com/statija_4104.html

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media