Шоубизнис

» поопширно



Тројца полицајци си "наплатиле" 150 евра од странски возач

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство во Куманово, поднесе кривична пријава против Г.Д. (38), Т.П. (46) и Д.А. (36), сите вработени како полициски службеници при полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Петровец-Автопат во МВР на РМ, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување".

Осомничените на седми овој месец со службено возило „крајслер„, по извршено полукружно свртување пред наплатна рампа Романовце, во движење,  откако го пристигнале патничкото возило „Ауди А2„, со германски регистарски таблички, со давање знак за сопирање со рака, го запреле возилото, а потоа од возачот В.Х., германски државјанин, првопријавениот  најпрвин му ја зел патната исправа, а потоа накратко на лош германски јазик му соопштил дека пребрзо возел и немал запалени светла на возилото.

Потоа,   оштетениот бил упатен  да појде во Скопје, да извади 300 евра од картичка и истите да ги донесе на местото на настанот, по што ќе му била вратена патната исправа. Откако оштетениот реагирал дека тоа се многу пари, првопријавениот му предложил дека може да даде 150 евра, но нема да му биде издаден документ, што оштетениот прифатил и  му дал три банкноти од по 50 евра.

По ова, му била вратена патната исправа и оштетениот го продолжил патувањето.

Оштетениот, подоцна  движејќи се кон граничниот премин Богородица, запрел на првата полициска патрола, распрашувајќи се кај полициските службеници за висината на казните во Република Македонија, по што откако увидел  дека противправно му се земени парите го пријавил случајот на полициските службеници, по што од страна на полициската патрола од Демир Капија, лицето било упатено во  ПС Гевгелија каде со записник за примена пријава го пријавил случајот.

http://www.kajgana.com/statija_4105.html

Изборите на 22 март, ќе нема електронско гласање
09.01.2009 | 14:32
По 12 години уапсено лице осудено за убиство
09.01.2009 | 14:30
Утре на оглас нови 141 хентари државно земјиште
09.01.2009 | 14:29

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media