Непознати сторители провалиле во селската џамија во гостиварското село Градец и украле 35 илјади евра, информира СВР Тетово.
Кражбата била заблежана вчера кога надлежниот свештеник дошол во џамијата на молитва и случајот го пријавил во полиција.
Кражбата се случила ноќта меѓу 18-ти и 19-ти ноември. Од направениот увид било констатирано дека провалниците насилно отвориле еден прозорец по што ја провалиле вратата во една од просториите во џамијата во која се наоѓал метален сеф во кој се чувале пари кои верниците ги давале како прилози.