Шоубизнис

» поопширно



Македонија заслужува безвизен режим и влез во НАТО

Естонија ја поддржува Македонија во евроатланските аспирации и верува дека проблемот со името наскоро ќе биде решен и земјата ќе стане членка на НАТО, изјави денеска во Скопје шефот на естонската дипломатија Урмас Пает по средбата со македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.

- Членството во НАТО е важно не само за Македонија, туку и за останатите земји членки на Алијансата, затоа што со проширувањето на НАТО во овој дел од регионот се зголемува безбедноста не само во Европа, туку и пошироко, рече Пает.

Тој изрази надеж дека преговорите за името меѓу Македонија и Грција наскоро ќе доведат до позитивни резултати бидејќи, како што потенцира „Естонија сака да ја види Македонија заедно со другите земји од регионот како членка на НАТО“.

Двајцата министри на средбата ги потенцирале постигнувањата во однос на визната либерализација со земјите членки на ЕУ.

- Високо го цениме фактот што Владата на Естонија е еден од активните поддржувачи за поскорешно вклучување на визната либерализација во текот на следната година, рече министерот Милошоски.

Македонија, како што нагласи, во ниеден релевантен европски извештај не била потенцирана како емигрантно ризична земја и никогаш не била во земјите кои претставуваат ризик за баратели на азил.

Тој додаде дека Македонија е водечка земја во регионот во однос на квалитетот на патните исправи, на системот за интегрирано гранично управување и за визниот центар.

- Затоа сметаме дека визната либерализација со земјите членки на ЕУ е оправдана, заслужена работа која ќе биде од взаемна полза и за земјите членки на Унијата и за Република Македонија во моментот кога ќе се случи, истакна шефот на македонската дипломатија.

Надоврзувајќи се на изјавата на Милошоски, Пает рече дека Естонија од сопственото неодамнешно искуство знае колку е фрустрирачко да се поднесуваат барања за визи и затоа ја поддржува Македонија, како и другите земји од регионот да бидат опфатени со визната либерализација.

- Македонија има достигнувања на ова поле во однос на зголемување на безбедноста на патните исправи и на соодветната евиденција. И што се однесува до Естонија, ЕУ следната година треба да донесе одлука за конечна визна либерализација, додаде Пает.

Зборувајќи за членство на Македонија во ЕУ, Пает рече дека е  сигурен оти земјата во блиска иднина ќе ги преземе сите реформи кои се потребни за нејзино членство во Унијата.

- Естонија четири и пол години е членка на ЕУ. Во 2003 година кога беше одржан референдум за влез во Унијата, 68 отсто од Естонците го поддржуваа членството, а за четири и пол години тој процент се искачи на 86 проценти. Тоа значи дека се повеќе Естонци веруваат оти членството во ЕУ е добро за нив, додаде Пает.

Двајцата министри на средбата констатирале дека Македонија и Естонија имаат добри билатерални односи, кои во последните три години се продлабочуваат, а за зголемување на контактите, како што рече Милошоски ќе придонесе и вчерашното отворање на Почесниот козулат на Естонија во Скопје.

Министерот Пает, кој од вчера е во дводневна посета на Македонија, на отворањето на конзулатот посочи на добрите односи меѓу двете земји што, меѓу другото, се гледа и од взаемните посети на високи претставници на двете земји.

Според Пает, со отворањето на конзулатот ќе се овозможи приближување на Естонија до обичните граѓани, нивно запознавање со убавините на земјата, но и воспоставување соработка во сите области.

Почесен конзул на Република Естонија во Република Македонија е бизнисменот Сашко Миладинов.

Македонија и Естонија денеска потпишаа Договор за избегнување на двојното оданочување и Договор за безбедност на класифицирани информации меѓу двете земји.

http://www.kajgana.com/statija_4109.html

Изборите на 22 март, ќе нема електронско гласање
09.01.2009 | 14:32
По 12 години уапсено лице осудено за убиство
09.01.2009 | 14:30
Утре на оглас нови 141 хентари државно земјиште
09.01.2009 | 14:29

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media