Четврток, 20.11.2008
Љубители на џанк-фуд, вдишете воздух: доколку после квалитетно мрсниот оброк од локалната сендвичара се напиете топол чај кој би го зачиниле со маслиново гранче, ќе заборавите на проблемите со тежината предизвикани од вкусната брза храна. Вака барем тврди една американска докторка.

Др. Линдзи Браун тестирајќи го ефектот на чаевите и нивните мешавини врз глувци, дошла до фрапантно откритие според кое комбинацијата на зелен чај и маслинов лист (или гранче) ги топи маснотиите, дури и ако продолжите со конзумирање на "најздравата" брза храна. Оваа комбинација која на секој редовен посетител на сендвичарите веројатно му звучи грозно за конзумирање после фаст-фуд оброк (што и донекаде му придава логична поткрепа на откритието) на организмот му овозможува подобра обработка на шеќерите во телото.
"Доколку некој досега ми кажеше дека ова е можно да се постигне со нешто толку едноставно како чајот и екстракт од маслинка, би помислила дека сонцето му удрило во глава. Овие резултати се просто вчудоневидувачки" - искоментира докторката која едвај чека резултатите за тестирањето над стаорците да ги претстави на медицинска конференција оваа недела.
Др. Браун ви препорачува три шољи чај на ден како би останале здрави и во форма. Па макар јаделе и хамбургери. Дали нејзиното истражување можеби е финансирано од големите ланци за брза исхрана - е во доменот на шпекулациите, а ова го спомнавме имајќи ја во предвид скепсата која може да се јави кај дел од вас.
Другиот дел од публиката верувам дека веќе е на половина пат до сендвичара.